(ФОТО/ВИДЕО) Скопје како бајка: Започна фестивалот „Стрит лајт арт“
Почнувајќи од вчера па се до 1 јуни во Скопје се одржува фестивалот за светлосна уметност „Skopje Light Art District 2019“.
фото: Борис Грданоски
На локации во Старата скопска чаршија, на кејот и во Градскиот Парк.
Дваесет и пет меѓународни и домашни уметници, уметнички здруженија и групи, со 26 светлечки инсталации, перформанси и 3Д проекции во најразновидни форми и облици на Скопје и скопјани повторно им ја доловуваат магијата на светлосната уметност.