(Видео) Сите нагрнаа да се вакцинираат во Хрватска, бројките загрижувачки
Утрово, пред загрепскиот велесаем има метеж од луѓе, кои чекаат да се вакцинираат со прва, втора или трета доза вакцина против Ковид-19.
По застојот во вакцинацијата летоска, кога во ек беше туристичката сезона, па вакцинацијата падна на нула, хрватите деновиве се повеќе искажуваат волја за вакцинација.
Тоа е очекувано, со оглед на тоа дека бројките на новозаразени, секојдневно растат.
Така, како што јавуваат медиумите неофицијално, денеска има 4.392 нови случаи, а вчера иама 4.154 новозаразени, активни 22.382, 1.231 во болница, од кои 160 на респиратор и починаа 26 пациенти.
Вчера, властите одлучија поголемите болници во Загреб да ги претворат во ковид-центри, а сите останати интервенции се во втор план.
Dobro jutro! Današnji menu prva, druga možda i treća doza cjepiva na izbor #covid #n1info @N1infoZG 🥶 pic.twitter.com/rrF4Jq6pwg
— Anja Perković (@AnjaPerkovic_) October 29, 2021