„Принципот на земја набљудувач, кој би донел одредени привилегии, нормално без право на глас, би донел значаен бенефит за сите вклучени страни и би го зајакнал политичкото единство во демократска Европа“, кажа Рама. Сега, според него, процесот на пристапување во ЕУ е успорен, меѓу другото, и затоа што некои земји членки го отежнуваат.

„Постои класна поделба која ги продлабочува разликите во нашиот заеднички европски дом. Природата и длабочината на тие кризи, кои нè зближија на политичко и човечко ниво, ги зголемија разликите во економската состојба“, посочи Рама.