(Видео) Шојгу ги посети војниците на првата линија на фронтот
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците вклучени, во како што Русија ја нарекува, „посебната воена операција“ во Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана.
„Челникот на руската војска, со хеликоптер ги посети војниците на местата на кои се распоредени во подрачјето на посебната воена операција“, соопшти Министерствто на апликацијата Телеграм.
Москва, инвазијата на соседна Украина ја нарекува „посебна воена операција“ која има цел демилитаризација и денацификација на земјата.
Киев и неговите сојузинци ја нарекуваат неинвазивен освојувачки чин. Министерството соопшти дека Шојгу разговарал со војниците на првата борбена линија и на командните места. Но, не е јасно дали кога се случила посетата тоа било на територија на Украина.
Кратко видео е објавено кое го покажува Шојгу во воен хеликоптер и неколку снимки од воздух.
Sergei Shoigu inspecionou o agrupamento russo de tropas na zona NVO.
Na linha de frente, ele conversou com militares russos e agradeceu ao pessoal pelo desempenho exemplar das missões de combate. pic.twitter.com/kGxsOp8CBp
— Nikolaev 🇲🇦🇷🇺🇦🇲🇸🇾🇸🇦🇷🇸🇮🇷🇵🇸 (@TeodoroSampai12) December 18, 2022
Објавата следи ден по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин со највиоските воени команданти, меѓу кои и Шојгу, на кој се бараше нивното мислење за тоа како треба да се продолжи со руската воена кампања во Украина.
Во најголемиот воен судир во Европа по Втората светска војназагинаа илјадници луѓе,а милиони се раселени, додека бројни градови се разорени.