(ВИДЕО) Семејното фото на балкански начин
Наспроти конвенционалните семејни фотографии од секој самит на ЕУ и други формати, албанскиот премиер Еди Рама подготви цел фолклорен перформанс за лидерите на ЕУ и од Западен Балкан.


На платото пред Пирамидата каде што се одржува самитот на Берлинскиот процес место само да се фотографираат, лидерите присуствуваа на цела лепеза танци и народни носии од Албанија и другите земји од регионот.