(ВИДЕО) Русите на Крим затечени од украинските гранатирања


Русите на Крим, кои денес се сончаа на тамошните плажи, беа затечени од експлозиите  што станаа можни откако западните земји, а пред се САД, ја снабдија Украина со оружје со доволен дострел – за да им го  расипе одморот во новоанектираната територија. Според неофицијалните проценки ракетите биле лансирани од околината на Керсон или на одалеченост од 268 километри, нешто што беше незамисливо досега. Само 25 земји во светот располагаат со вакви ракети во моментов, што беше повод аналитичарите да проценат дека ова е пресвртна точка во војната и дка руските сили сега не се безбедни никаде, колку и да се распоредени далеку од линијата на фронтот.

Во руските медиуми нападот на Крим беше оценет како „преминување на црената линја“ од Киев, иако официјално се тврдеше дека немало ракетирање туку експлозиите биле инцидент.Со оглед на тоа дека  е ракетирано складиште за оружје очекувањата се дека се уништени голема бројка на воени авиони и муниција.     

Според видеата објавени на социјалните мрежи руските туристи со неверување гледаат како околу нив паѓаат ракетите, а некои веќе се евакуираат од територијата.