(Видео) Русите го нападнаа Харкив. Кула висока 240 метри се скрши на половина и се урна


Телевизиска кула висока 240 метри во украинскиот град Харкив се подели на половина и се сруши на земја по, како што велат локалните власти, руски ракетен напад врз телевизиската инфраструктура.

Емитуваниот сигнал беше прекинат во вториот по големина град во Украина, кој беше цел на руски ракети и беспилотни летала во последните недели. „Во моментов има прекини во дигиталниот телевизиски сигнал“, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во прифатилишта.

На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се издигна на небото.

Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харкив рекоа дека Русија најверојатно користела крстаречка ракета Кх-59 во нападот. Русија првпат нападна телевизиска кула во Харкив на почетокот на март 2022 година, непосредно по започнувањето на својата инвазија. Сигналот во тоа време беше прекинат.

Москва неодамна ги засили своите напади, додека Украина се бори со недоволна способност за воздушна одбрана. Харкив и околниот регион доживеаја најжестоки напади.