(Видео) Прва снимка од бугарскиот камион со 39 тела во Британија
Први снимки од камионот во кој беа пронајдени 39 тела на мажи во велика Британија се појавија на интернет.
На видеата се гледа паркиран камион во индустрискиот парк во Есекс во Англија. полицијата го уапси возачот, а сега се појавија и први снимки од камионот.
Во камионот беа пронајдени тела на 38 возрасни мажи и еден тинејџер.
Возачот на возраст од 25 години со потекло до Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство. Според „Скај њус“ камионот во Британија стигнал до Бугарија во саботата.
Полицијата вели дека се работи на идентификација на телата, додека овој дел од градот е блокиран.
За сега не се знае од каде се жртвите, како ни каде патувале и кога дошло до трагичниот настан.
Како што пренесе „Дејли мејл“, еден полицаец вели дека ќе треба доста време за да се идентификуваат жртвите.