(ВИДЕО) Протести во Тетово против ДУИ, се бара одговорност и меѓународна истрага за ,,Диво насеље“


Десетици луѓе протестираа во Тетово против ДУИ. Демонстрантите од Тетовскиот универзитет упатени кон седиштето на ДУИ во Речица беа блокирани од страна на полицискиот кордон кој го блокираше патот.

Братот на Ел Чека , Блерим Ахмеди рече дека преку овие протести бараат одговорност од ДУИ и СДСМ, како и меѓународна истрага за судските постапки.

Не доврбата кон институциите нѐ тераше да го преземеме овој чекор, протестирајќи и барајќи меѓународна истрага за овие институции. ДУИ и СДСМ треба да бидат одговорни за постапување против законот, негирајќи го секое право на Албанците. Нашиот обединет глас ќе продолжи, и нема да запре додека правдата не дојде во земјата “, вели Ахмеди.