(Видео) Подготвени се диносаурусите за Зоолошката во Скопје


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ги подгреа страстите кај вљубениците во диносауруси, и преку неколку видеа покажа како ќе изгледаат диносаурусите што треба да бидат сместени во дино паркот во ЗОО Скопје.

Изградбата на дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје.

Како што најавија од Градот тогаш дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.

Влезницата за паркот беше најавено дека ќе чини 50 денари.