(Видео) Почна копнената офанзива на Израел – колони тенкови одат кон Газа


Војната на Израел и Хамас продолжува да беснее и влезе во својот 22 ден. Воската на Израел започнува копнена офанзива.Израелските одбранбени сили објавија видео на кое се гледаат долги редици тенкови и други возила во движење, со краток коментар дека покажува активност на копнените сили во Газа.

„Влеговме во Газа и ги прошируваме операциите“, изјави портпаролот на IDF Данијел Хагари, додавајќи дека нема извештаи за повредени, пренесува The Jerusalem Post.

Тој истакна дека „ова е војна“, но дека IDF дејствувала контролирано и стратешки, со конкретни цели како водилка.

Либанските власти издадоа упатства за претпазливост за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните објекти во случај на вонредна состојба, бидејќи тензиите се зголемуваат на либанско-израелската граница.

Да потсетиме, израелската армија претходно најави дека ги проширува своите копнени операции и дека во текот на ноќта биле употребени „околу стотина борбени авиони“ за бомбардирање на Појасот Газа.

IDF се заканува со целосна копнена инвазија повеќе од две недели, но од комбинација на причини – некои познати, а некои непознати – целосна инвазија допрва треба да се случи. Во четвртокот, IDF испрати војници во Газа за да ги нападнат цели на Хамас – и на копно и по море. Војниците влегле и излегле истата вечер.

Меѓутоа, во петокот вечерта, Хагари рече дека војниците на IDF ги прошируваат своите операции.

„Во последните неколку часа сериозно ги засиливме нашите напади во Газа“, рече тој за време на вечерниот брифинг, истакнувајќи дека нападите се вршат од воздух, море и копно.