(Видео) Норвешка министерка ја крена кошулата и ги затресе голите гради во тв-шоу, премиерот се гордее со неа


Норвешката министерка за култура и еднаквост, Лубна Џафри за време на гостувањето во една телевизиска емисија ја крена кошулата и ги откри голите гради.

Минатата недела министерката гостуваше во ток-шоуто „Skeiv Preik“, емисија која е дел од Oslo Pride, каде и беше врачена наградата „Геј мајка на годината 2024“. Наградата се доделува на дами кои се борат за правата на ЛГБТК+ заедницата на јавниот простор.

Потегот на министерката која мавташе со голите гради кои беа покриени само со реси, беше награден со аплауз. Подоцна изјавила дека и е чест да ја добие оваа важна награда, пренесува Дагбладет.

„Важно е сите да се чувствуваме слободни. Ако сакате да ја заслужите оваа чест, треба да ја дадете својата душа. Како министер се грижам квир луѓето да се чувствуваат безбедно и слободни, ова беше мал придонес“, рече Лубна.

„Лубна е самоуверена, слободна и прекрасна личност“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе по овој потег на неговиот министер.

Организаторите на гордоста велат дека Лубна го добила еден од најголемите аплаузи во историјата на Прајд во Осло.