(Видео) Никој од надлежните не се појави на блокадата на „Стоп за Вардариште“ утрово

Повторно побараа од него да ги покани колегите од другите општини и сите оние кои водат надлежни инстиуци, а доаѓаат од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ


Граѓаните на Ново Лисиче и Аеродорм, кои веќе 27 пати ја блокираат крстоасницата кај мостот „Кирто Глигоров“ со цел да ги натераат надлежните да го решат проблемот со депонијата Вардариште, утрово повторно се собраа, но иако уредно поканети ниту еден од надлежните не дојде.

Поканети беа претсавници од Град Скопје, Општина Гази Баба, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за социјални политики, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, ЈП „Комунална хигиена“, Владата и претседателката. На собирот се појави само в.д. градоначалникот на Општиа Аердром, Дејан Митески, кој баш и нема некоја надлежност во справувањето со депонијата, освен да ги поттикне, да ги охрабри своите сопартици, кои ги водат другите поканети институции да преземат мерки за заштита на населението од константното труење од Вардариште.

Митески, кој воедно е кандидат за градоначалникот од редовите на ВМРИ-ДПМНЕ, на претстојните локални избори, за кои денеска почна капмањата им порача на насобраните дека ја имаат неговата поддршка.

– Заеднички ќе се бориме за подобар и почист воздух, зашто на мене и на вас и на сите ни смета она што се случува. Конкретно за депонијата Вардариште, ги знаете мерките коишто интервентно беа преземени. Последно, после нашата заедничка посета во делот на депонијата Вардариште видовме една локација кадешто имаше депонирано кабаст отпад и шут. Тој отпад ќе биде отстранет и блокиран влезот, односно пристапот таму. МВР ќе продолжи со патролно, физичко обезбедување на депонијатаВардариште, се со цел во наредниот период да нема никакво палење – рече Митески пред насобраните.

Неговиот одговор не ги задоволи револтираните граѓани. Повторно побараа од него да ги покани колегите од другите општини и сите оние кои водат надлежни инстиуци, а доаѓаат од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Неколкупати досега го прашуваат како тоа токму ВМРО-ДПМНЕ да ја има власта и на централно и на локално ниво и да не можат другарски да се договорат да го решат овој проблем, со оглед на тоа што и тој живее во Ново Лисиче и него го труе загаденит воздух. 

Тие во саботата заедно до митески беа на Вардариште, но рпистапот не им беше овозможен, затоа што немале доставено барање. Ова се случува откако интервентно беше поставено обезбедување на сдепонијата од страна на општествено одговорна приватна агенција за обезбедување, по пожарот пред почетокот на учебната година.

Од иницијативата „Стоп за Вардариште“ изразија разочараност од отсуството на институционална координација и порачаа дека партиските разлики не смеат да бидат пречка за решавање на проблемот со Вардариште.

„Иницијативата нагласува дека депонијата е без ограда, со присуство на отпад и со недоволно обезбедување, а на поканата за заедничка посета не одговориле ниту институциите ниту медиумите. Затоа, „Стоп за Вардариште“ ги повикува надлежните органи – општините Аеродром и Гази Баба, Град Скопје, ресорните министерства, претседателката и Владата – да излезат со конкретни и итни мерки пред изборите“.

За вечерва во 18 часот организаторите повторно ги повикуваат и граѓаните да се приклучат на протестите, нагласувајќи дека ако нема институционален одговор, блокадите ќе бидат засилени.