(ВИДЕО) Невремето во Кичево направи огромни штети, паѓаше град со големина на орев


Невремето кое вчера доцна попладне го зафати кичевскиот регион, направи големи штети кај градинарските култури и кај овошките, кои при ова невреме претрпеа најголеми штети, а во северниот дел од општината родот е целосно уништен.

– Се е уништено што имав засадено, се жали земјоделецот Исмаил Абази од село Колибари, кој признава дека земјоделците немаат навика за осигурување на посевите. Сега, како што рече, ќе се снајдеме како знаеме и умееме.

Во попладневните часови гром удри во дрво, во дворот на кичевсите гимназии „Мирко Милески” и „Дрита”.

Невремето ги вознемири кичевчани, но според досегашните информации, нема никакви оштетувања на автомобили или други објекти.