(Видео) Направени два земјени патишта низ „Дрисла“, се затрупува местото што чади


Утрово со засилено темпо продолжи затрупувањето на делот од депонијата Дрисла од кој излегува чадењето а кој е со величина приближно колку фудбалско игралиште.

Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено но сеуште присутно.

Од она што можам да го забележам на лице место во депонијата Дрисла, двата земјени пристапни патишта кои во текот на вчерашниот ден беа изработени како насип низ заезерената површина од отпадни води длабока околу 1,5 метри, значително го олеснуваат пристапот до критичното место.

Во овој момент работат оптимален број на камиони, багери и булдожери а како што ќе се создаваат услови нивниот број ќе се зголемува.

На дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење но и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот.