(Видео) Напад во црква во Калифорнија – има мртви и повредени


 

Напад во баптистичка црква во Сан Хозе, Калифорнија се случи во понеделникот. Избодени се повеќе луше, а полицијата се уште не издала соопштение.

Веста за нападот се шири на социјалните мрежи.

Според досегашните податоци, две лица се убиени, а повеќемина се сериозно повредени, кога непознат маж ги нападнал присутните.

Полицијата најпрво објави дека осомничениот е уапсен, за подоцна да ја тргне таа објава од Твитер и да наише дека истрагата е во тек, пренесе АП.

Засега не се знае колку луѓе се повредени, но се наведува дека некои однив се во критична состојба.

Полицијата наведува дека во моментот на нападот во црквата немало служба, но дека внатре се пуштени бездомници за да се спасат од студеното време.