(Видео) На атентаторот на потпретседателката на Аргентина му се заглавил пиштолот


Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, преживеа обид за атентат благодарение на пиштолот што се заглавил, покажуваат снимките.

Киршнер се враќала од судот каде што се бранела од обвиненијата за корупција кога од толпата нејзини поддржувачи излегол напаѓач и ѝ вперил пиштол во лицето. Во пиштолот имало пет куршуми, но од сè уште неутврдени причини тој не испукал, изјави претседателот Алберто Фернандез, пренесе Индекс.

Портпаролот на полицијата претходно за новинската агенција Ројтерс изјави дека оружјето било пронајдено на неколку метри од местото на настанот откако мажот бил уапсен.

 

„Можеме да не се согласуваме, може да имаме длабоки несогласувања, но не може да има говор на омраза бидејќи тој раѓа насилство и нема шанси насилството да коегзистира со демократијата“, рече претседателот Фернандез.

 

На истата тема:

Потпретседателката на Аргентина избегна атентат – Независен Весник (nezavisen.mk)