Потпретседателката на Аргентина избегна атентат


Човекот кој се обиде да изврши атентат на потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, е 35-годишниот Фернандо Андрес Сабаг Монтиел, бразилски државјанин, потврдија аргентинските безбедносни власти.

Како што пишуваат локални медиуми, тој е роден во Сао Паоло, неговите родители се Чилеанец и Аргентинка. Повеќе од 20 години живее во аргентинската населба Вила дел Парке. Некогаш работел како таксист, а моментално е невработен и добро и бил познат на полицијата.

Монтиел лани доби кривична пријава, кога полиција го запрела во возило без регистарски таблички. Кај него е пронајдена мачета долга 35 сантиметри.

Според фотографии објавени на социјалните мрежи, се гледа дека Монтиел на лактот има тетоважа црно сонце. Станува збор за нордиски симбол преземен од нацистите и окултното друштво Туле, основано од богати аристократи, а ја бранело надмоќта на ариевската раса. Од 1918 до 1922 година, групата извршила 300 политички злосторства, покажуваат податоци.

Монтиел се обиде да ја убие Киршнер, актуелна потпретседателка и поранешна претседателка на Аргентина, кога таа со официјална придружба пристигна пред својата куќа во Буенос Аирес. Но, пиштолот не испукал, пишуваат медиуми.

‼JUST IN‼

🇧🇷❌🇦🇷Footage from another angle shows the moment when a Brazilian National named Fernando Andrés Sabag Montiel pulled a gun and tried to assassinate Argentina’s left-wing Vice-President Cristina Kirchner

— The gun notoriously failed on the last moment pic.twitter.com/JgmUlNuP2Q

— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZmilitary1) September 2, 2022

Минатата недела активисти се собраа пред куќата на Киршнер, која е обвинета за корупција и измама во врска со доделување јавни договори во Санта Круз, за време на два претседателски мандата од 2007 до 2015 година.