(ВИДЕО) Mаж украл камион и со него удрил во колона од осум возила 


Нападот со камион, што се случи вчера во Лимбург, западна Германија, се истражува како терористички акт, соопштија германските истражувачи.

Инцидентот се случи во Лимбург, кога маж (32), со потекло од Сирија, украл камион, со него удрил во колона од осум возила додека чекале на семафор и притоа повреди осум лица.

Мажот е уапсен, а потврдено е дека од 2015 година живее во Германија.

Истражувачите за германската ЗДФ телевизија изјавија дека инцидентот се третира како терористички акт, иако министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска рече дека не може да каже како ќе се класифицира тој настан.

Во последните години Германија беше мета на неколку џихадистички напади, што го крена алармот на највисоко ниво.

Најсмртоносен напад се случи во декември 2016 година, кога маж со камион влета на  Божиќниот панаѓур во Берлин и притоа усмрти 12 луѓе.