(ВИДЕО) Косово: Повеќе од 30 змии влегле во куќа, семејството сега живее во дворот
Осум членови на семејството Ахмети од селото Ресиноц, општина Липjан во Косово три дена престојуваат во дворот, затоа што тие се чуствуваат несигурни од еден куп змии кои влегле во нивниот дом. Перпарим Ахмети вели дека четвртокот вечерта за него бил од најтешките, бидејќи додека спиел, змијата се завиткала околу неговата нога.
Ахмети вели дека убил најмалку 30 змии, па затоа побарал и помош од општина Липјан.
Тие се принудени да живеат во дворот на куќата. Семејството Ахмети очекува општината да интервенира во решавањето на овој проблем.
Тие посочуваат дека тимот за одбрана и спасување на општина Липјан и полицијата ги посетиле, но сé уште не понудиле решение. Од општина Липјан велат дека ќе ги искористат сите можности и капацитети за да понудат решеније.
Семејството Ахмети сака да има барем побезбедно засолниште, бидејќи нивниот живот, како што велат, е во прашање.