(Видео) Канта за отпадоци  што зборува


Градот е покриен со ѓубре, Скопје и Македонија се прекриени со отпадоци. Поаѓајќи од овој факт решивме да креираме интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

– Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град, велат креаторите.


Кантата  е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.


Во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Кантата е дело на групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности.

Видеото со детали како работи кантата можете да го погледенте или симнете на следниот линк: