(Видео) Како се ширеше сеизмичкиот бран низ Европа


 

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер, утрово ја погоди Турција, а се почувствува во голем дел од земјата, како и во соседните земји во регионот, како Сирија.

Официјалниот број на загинати засега изнесува повеќе од 640, а илјадници се повредени. Во тек е голема акција за спасување.

Според американскиот сеизмолошки завос, катастрофалниот земјотрес се случил во 4.17 часот по локално време, на длабочина од 17,9 км. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем, затоа што земјотрсот ги затекна луѓето на спиење.

Епиоцентарот беше во округот Пазарџик, во покраината Караманмарас на југоистокот на земјата, околу 60 км воздушна линија од сириската граница.

Објавена е снимка како се ширеа сеизмичките бранови по катастрофалниот земјотрес низ Европа. Погледнете: