(Видео) Јокиќ одигра натпревар каков што никој во историјата на НБА не успеал


Никола Јокиќ го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и натпревар за историјата на НБА во победата на Денвер на домашен терен над Феникс со 149:141 по продолжение. Овој настап на Јокиќ е извонреден дури и по критериумите на трикратниот, актуелен МВП на најсилната лига во светот.

Јокиќ за 44 минути игра постигна 31 поен (шут од поле 13/22). Тој имаше 21 скок и 22 асистенции. Бројот на спомнати додавања не е само личен рекорд на Јокиќ, туку и најмногу од центар во историјата на НБА. Јокиќ се  изедначи и со Леброн Џејмс за најмногу трипл-дабл од 30 поени и стана играч со најмногу асистенции во трипл-дабл од 30 поени.

Бројот на додавања е поврзан и со најголемиот подвиг на Јокиќ од оваа игра. Во продолжението, кое Феникс го доби со тројката на Кевин Дурент во последните десет минути, Јокиќ атрактивно го проигра Мајкл Портер за лесно забивање над двајца противници. Тоа беше негова 20-та асистенција. Јокиќ со тоа стана првиот играч во историјата на најдобрата лига кој одиграл натпревар со бројки 30/20/20 во најважните категории.

НБА видеото од додавањето на Јокиќ на официјалните профили го придружуваше со следниов статус со големи букви: “Никола Јокиќ испишува историја. Неговата 20-та асистенција. Ова е првиот натпревар од 30 поени, 20 скока и 20 асистенции во историјата на НБА!”