(ВИДЕО) Имер Селмани ги повика Албанците на мајчин јазик да гласаат за Пендаровски
Поранешниот претседателски кандидат Имер Селмани, кој пред десет години на претседателски избори доби гласови од сите етнички заедници во државата,на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје, ги повика Албанците на мајчин јазик да гласаат за Пендаровски.
„Знам дека во ова сала има луѓе кои гласаа и за мене во 2009-та година, за една нова идеја која ги надмина етничките бариери, за една стабилна Македонија која ќе стане членка на НАТО и Европската Унија, затоа не двоумете се, излезете во првиот круг и гласајте за Стево, затоа што вашиот глас е најдобрата инвестиција за иднината на нашата земја“, рече Селмани.