Видео и фотографија за едно човечко страдање во Днипро


 

На Твитер се појави фотографија од рускиот напад на Днипро на која се гледа стан погоден од ракета во повеќекатна зграда. Она што го привлече вниманието е видеото од истиот стан неодредено време пред нападот на кое се гледа како се слави детски роденден.

„Тука некогаш имало живот“, беше пораката до фотографијата. 

Подоцна медиумите објавија дека во нападот загинал  украинскиот почесен боксерски тренер Михаило Кореновски, додека неговата сопруга и двете ќерки се спасиле бидејќи излегле претходно надвор. 

На нападите реагираше и австриското МНР кое оцени дека руските напади врз цивилната инфраструктура, како оној на станбена зграда во Днипро, се одвратно кршење на меѓународното. хуманитарното право. „Цивилите не се мети. Најостро го осудуваме ова насилство и се солидаризираме со украинскиот народ“, стои во објавата на ова министерство. Со иста реакција се јавија и други министерства.