(Видео и фото галерија) Зеленски во Вашингтон директно од рововите во Бахмут


Претседателот на Украина, Володомир Зеленски од рововите во Бахмут, каде што се водат најжешките битки сега, слета во САД и беше примен во Белата куќа.

Притоа Зеленски му донесе  подарок на претседателот Џо Бајден: медалот воен крст што бил доделен на украинскиот капетан на батеријата HIMARS во Украина по име Павло, кој рече дека системот спасил многу животи на неговите другари. „Незаслужено, но многу ценето“, возврати Бајден.