(Видео) Хеликоптерот исфрла вода на пожарот кај Василево


Со хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, соопшти ЦУК.

На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.

 

Претходно од ЦУК соопштија дека, пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево сеуште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на с. Сушево а се шири и кон с. Злеово.

 

Заради тоа беше во подготовка еден полициски хеликоптер да интервенира во гасењето на пожарот.

На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.