(Видео) Голем пожар на Урал: Изгореа 178 згради, едно лице загина


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.

Повеќе од 380 луѓе се борат со пожарот
„Пожарот уништи 178 згради, вклучувајќи 134 станбени згради и 32 нестанбени згради“, соопшти Министерството на  Телеграм. Пожарот се прошири кон селата Шосва и Тајежни и проголта вкупно повеќе од 11.000 квадратни метри.

Едно лице загина во село Шосва. Причината за пожарот сѐ уште не е позната. Руските служби за итни случаи соопштија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото гасење.