(Видео) Голем пожар избувна во индиската фабрика за ајфон
Огромен пожар избувна во фабриката за производство на Тата Електроникс, каде што се произведуваат ајфони, во градот Кришнагири, во индиската држава Тамил Наду.
Пожарот започнал во одделот за бојадисување на додатоци за мобилни телефони околу 5:30 часот по локално време, принудувајќи ги вработените веднаш да ја напуштат областа.
Fire breaks out at Tata Electronics manufacturing unit in Hosur, Tamil Nadu. It is learnt that around 1,500 workers were on duty. A company spokesperson said: “There has been an unfortunate incident of fire at our plant in Hosur, Tamil Nadu. Our emergency protocols at the plant… pic.twitter.com/099tak7AgP
— Sangeetha Kandavel (@sang1983) September 28, 2024
На местото на настанот пристигнале седум противпожарни возила за да го изгаснат пожарот и да ги евакуираат сите вработени од објектот.
Агенцијата IANS извести за значителна материјална штета, а противпожарните единици се уште работат на гаснење на пожарот.
Локалните медиуми јавуваат дека се верува дека пожарот избувнал во одделот за бојадисување додатоци за мобилни телефони.
Густ чад брзо го покри областа, предизвикувајќи паника меѓу работниците и локалните жители. Според локалните медиуми, засега нема информации за повредени.
Еден од главните производители на iPhone
Tata Electronics е еден од главните производители на iPhone во Индија, заедно со Foxconn. Компанијата соопшти дека ја истражува причината за пожарот и дека ќе ги преземе неопходните чекори за да ги заштити вработените и другите засегнати страни.
„Се случи несреќен инцидент“, рече портпаролот на Тата Електроникс во соопштението. „Нашите протоколи за итни случаи во фабриката гарантираа дека сите вработени се безбедни“, додаде тој.
News just in: Fire broke out at Tata Electronics Private Limited (TEPL) facility near Hosur in Krishnagiri district of Tamil Nadu on Saturday morning.
It is believed to have started in the mobile phone accessories painting unit of the company located in Uddanapalli, near… https://t.co/TFGjU4iOW9 pic.twitter.com/8tJvjl0t0J
— Chandra R. Srikanth (@chandrarsrikant) September 28, 2024