(ВИДЕО) Герасимовски се пофали: Од депонија и диви објекти до нов паркинг за жителите на Буњаковец


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска преку кратко видео на социјалните мрежи се пофали дека од дива депонија и диво направени објекти, жителите на Буњаковец добиваат нов паркинг простор.

„Од дива депонија и диво направени објекти, до нов паркинг за жителите на Буњаковец. Еве вака се работи за моите центарци“, истакна Герасимовски во натписот под видео објавата. 

Тој додаде дека ќе продолжи и понатаму да ги слуша нивните барања и истите да ги реализира.