(Видео/Фото) Застој на аеродромот во Москва – се откажуваат летови
Повеќе од 50 летови се одложени или откажани на московските аеродроми, покажуваат податоците на онлајн таблите.
Причината е големото количество снег.
Девет летови се одложени, а два откажани на аеродромот „Шереметјево“, пренесе Тасс.
Record snowdrifts have grown in Moscow – from 33 to 38 centimeters, Phobos (Russia's weather investigation center) told #Sputnik #Moscow #Russia #snow pic.twitter.com/OtPMOjxvvE
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) December 18, 2022
На „Домодедово“ одложени се 19 летови, а еден е откажан.
На аеродромот „Внуково“ откажани се шест летови, додека 19 се одложени.
Издадено предупредување: Снежни наноси и рекордна височина на снегот
Најновите пресметки на метеоролозите укажуваат на зголемување на снежните наноси во Москва и Московската област за 15-20 см до понеделник.
Тие ќе пораснат до 40 см и повеќе, ќе биде поставен нов рекорд на височината на снегот, рече директорот на Рускиот хидрометеоролошки центар Роман Вилфанд.
Moscow is being burried in snow ❄️❄️❄️
The depth of snow could be record deep for this day.
Waiting for the official weather report 😄 pic.twitter.com/GiAPrJz6di— Thunder26 (@Thunder261) December 18, 2022
Порано, Вилфанд извести дека во Москва до понеделник ќе растат невообчаено високи снежни наноси. Нивната висина може да се приближи до рекордната бројка од 34 см, која е забележана на 19 декември 1941 година.
„Според последните проценки, височината на снегот до понеделник ќе порасне за 15-20 см. Тоа значи дека снежните наноси во повеќето пределу ќе достигант 40 см некаде и повеќе“, рече тој.
Според Вилфанд, рекордот од 1941 година сигурно ќе биде соборен.
„Веројатно многумина виделе филмски снимки или фотографии од хрониката на контраофанзивата во Подмосковје од 1941 година. Има луѓе до појас во снег. Така ќе биде и сега“, додава тој.
Порано, Росхидромет издаде предупредување за снежна бура, опасно време во Подмосковје за 17 и 18 декември.