(Видео ) Евросонг 2025 почна на тиркизен килим во Базел

Базел – Со дефилето на 37. учесници по најдолгиот тиркизен килим во историјата на Евросонг во центарот на Базел, свечено е отворена годинешната Песна за Евровизија, кое ќе заврши во сабота. Евровизиските фанови наредени на едната страна од тепихот вееја знамиња и шалови во знак на поддршка на нивните земји, како и претставници на медиумите кои пристигнаа од бројни земји од целиот свет.

Учесниците кои пристигнаа во Швајцарија се качија на ретро трамваи кои ги однесоа до саемот (Базел Месе), каде што се наоѓа сцената на Евровизиското село, и каде што беа пречекани од бројни обожаватели на овој натпревар за најдобра песна.

Швајцарците ја опишаа оваа церемонија како еуфорична парада за време на која учесниците беа пречекани од тапанари и гајдаџии, или карневалски марширачки оркестар карактеристичен за Базел и околниот регион.

Полуфиналињата се закажани за 13 и 15 мај, а големото финале ќе се одржи на 17 мај во арената „Сент Јакобшале“ во Базел. Македонија трета година по ред не учествува на Евросонг, од финансиски причини.