(Видео) Еве како Меси му го посвети својот гол против Филаделфија Унион на Ѓоковиќ

Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посвети својот гол во МЛС мечот против Филаделфија Унион, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Меси влезе на теренот во 55. минута и постигна гол две минути подоцна.
Аргентинецот на 28 март беше присутен на полуфиналниот натпревар меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров (6:2, 6:3) на АТП турнирот во Мајами.
Подоцна Ѓоковиќ му се заблагодари на Меси за неговото и присуството на неговото семејство.