(ВИДЕО) Ел Чека не престанува да објавува ,,бомби“ за ДУИ: Ништо не ми можете!


Лицето Ел Чека кој на неговиот профил на Фејсбук објавува ,,бомби”, за претставници на ДУИ, пред неколку минути направи видео во живо. Тој вели дека иако полицијата и обвинителството се обидуваат преку кривични пријави да го замолчат, тој нема да престане со објавувањето на ,,бомби”, за кои тврди дека има уште многу.

„Би сакал да го информирам обвинителот од Кичево дека кривичните пријави против мене овде не се валидни и дека можe да ги користи таму за Али Ахмети и Муса Џафери, а не овде. Обидувајте се колку што сакате, ништо не ми можете, зад мене стојат командант Соколи, Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халачи“, вели Чека.

Чека вели дека доколку ДУИ сака да престанам со објавувањето на бомбите, треба да побарат меѓународна истрага за обвинетите во пресметките во Кумановското ,,Диво насеље”.