(Видео) Двајца работници загинаа на аеродромот во Њујорк


Двајца работници ги загубија животите откако беа затрупани под градежни материјали и земја на градилиштето на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ (ЏФК) во Њујорк. Противпожарната служба на градот Њујорк и службите за итна помош вчера по 11 часот добиле дојава за работниците кои останале заробени во ендек, пишува ABC News.

Аеродромот веднаш издаде наредба за прекин на работата. Работниците „ги преместуваат комуналните линии во близина на когенеративната постројка за да се приспособат на зголемените енергетски потреби од проектот за реновирање на „ЏФК“. Засега не е познат идентитетот на загинатите работници. Аеродромот ЏФК предупреди на доцнење на патиштата околу двата терминали.

Ниту еден лет не беше прекинат поради оваа несреќа.