(Видео) Дете паднало од прозорец додека автомобилот бил во движење


Неверојатна ситуација се случила во кинескиот град Нингбо кога дете паднало од прозорец на автомобил на сред пат!

На видеото се гледа голема раскрсница со четири ленти и многу возила. Автомобилот застанува на семафор. Кога светлото се вклучило зелено, автомобилот тргнал, а детето се наведнало низ прозорецот и паднало на патот! Автомобилот продолжил да се движи, а возачите на другите автомобили веднаш ги запреле автомобилите и скокнале да му помогнат на детето кое збунето и беспомошно лежело на сред пат.

За среќа, детето е добро и избегало без никакви повреди. Родителите набрзо се вратиле да го земат своето дете кое на неверојатен начин испаднало од возилото.