(Видео) Црвено небо над Крит, ветрови донесоа сахарска прашина


На медитеранскиот остров Крит, небото во средата доби морничава портокалова, речиси црвена боја, бидејќи ветрови со јачина до девет степени носеа прашина од Северна Африка, што ги попречи летовите.

Грција беше зафатена од невреме во кое еден маж го загуби животот, кога се одбидел да премине поплавена улица. 

Стотици повици за спасување
Противпожарната служба соопшти дека примила стотици повици за спасување на луѓе заробени во поплавните води и помош за расчистување на патиштата од паднати дрвја додека бурата Ерминио ја зафати Атина и неколку егејски острови во среда.

Рано во четврток, екипите сè уште расчистуваа урнатини, испумпуваа вода од поплавените згради и ја поправаа оштетената инфраструктура источно од главниот град. Властите, исто така, забранија заминување на одредени фериботи од пристаништето Пиреја во близина на Атина до грчките острови.