(Видео) Бурата што го зафати Белград го оддува Ќациленд

Бурата што ја зафати Хрватска стигна до соседна Србија околу 13 часот, а силните ветрови предизвикаа штети во Белград. Добар број граѓани беа среќни што ветерот ги однесе шаторите пред Пионерскиот парк.
Бурата предизвика прекини во електричната енергија во делови од Белград, собори бројни дрвја и остави некои куќи без покриви.
Кран се урна на градилиште во Нов Белград, а сообраќајот е отежнат во голем дел од градот, објавија српските медиуми.
Ćaci se vraća kući… pic.twitter.com/ftvzFIkv2A
— Zeleno-levi front (@nedavimobgd) July 8, 2025
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград исто така беше привремено затворен, а пренасочувањето на летовите веќе започна.
Трансформаторска станица се запали во Жарково.
Сепак, многу српски граѓани беа најзадоволни што бурата речиси целосно ги однесе шаторите пред Народното собрание, таканаречениот Ќациленд каде што кампуваат „студенти кои сакаат да учат“, контрапротестанти од студентските редови кои симпатизери на Александар Вучиќ.
„Ќаците летаат кон небото“; „Еве! Каде што се трошат пари. Во ветерот“; „Знаењето одлета. Дури ни природата не ги сака“; „Тоа е нивниот карактер. Сè што градат и реконструираат паѓа“, „Мислам дека Бог им испраќа порака“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.