(Видео) Бред Пит како д-р Ентони Фаучи во живо: На кого повеќе му верувате?


САД- Бред Пит не е само награден актер со Оскар и виртуелен синоптичар: тој е и најсексипилниот медицински експерт во светот. Ѕвездата на  Once Upon a Time in Hollywood  на Тарантино, ја отвори втората епизода од Саботата вечер во живо од дома (Saturday Night Live At Home) како директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, д-р Ентони Фаучи, експертот за заразни болести и најверодостоен научен ум на Америка за време на тековната пандемија на коронавирус. Со тоа се исполни желбатана вистинскиот д-р Фаучи, кој порача за Си-Ен-Ен претходно овој месец дека Пит ќе биде неговиот прв избор да го игра на СНЛ. Нашироко распространетата петиција Change.org го номинираше Фаучи како најсекси маж во светот според  People – титула што Пит ја освои двапати во изминатите 35 години.

Пит, со бела перика и со акцент од Бруклин од каде е Фаучи, прво им се заблагодари на „сите постари жени во Америка кои му  испратија поддршка“…

И додека вистинскиот Фаучи претежно се воздржува од дискутирање за коментарите на Трамп кои се критикуваат, Пит Фаучи не чувствува потреба да се воздржува. (Актерот во минатото јавно го критикуваше претседателот, а неодамна на Оскарите, побара отповикување на Трамп.)