(Видео) Божиќната порака од кралицата Елизабета II: Не сте сами


Бртианската кралица Елизабета II го честита Божик традиционално, со снимена порака, но овојпат од домот во Виндзор сама со принцот Филип го поминува празникот без собирање на семејството.

Корона вирусот беше тема на најголемиот дел од нејзиниот говор, па на сите кои Божик го прославуваат даелку од пријателите и семејството им порача „дека не се сами и дека знае оти на многумина добро би им дошла прегратка и стискање на раката, но дека треба да бидат свесни дека и во најцрните ноќи има надеж за нова зора“.

Ја пофали добрината која беше искажана за време на пандемијата велејќи дека тешката ситуација сите нè зближи иако многу тешкотии беа забележани.

„Исклучително е тоа што оваа година, која донесе многу раздвојувања, на некој начин и нè спои, а многумина одлучија и да волонтираат во своите заедници за да им помогнат на другите. Во Велика Британија и ширум севтот луѓето одлично се соочија со овогодишните предизвици, а јас сум горд и ме допре нескротливиот дух на овие тивки луѓе“, рече војводата од Единбург, принцот Филип.

https://www.youtube.com/watch?v=nxSY9GVKy2Y

Кралицата Елизабета се надоврза на оваа приказна велејќи дека времето кое го поминува со принцот Филип без децата донесло многу среќни моменти и на некој начин доза единство покрај раздвоеноста од другите членови на семејството.

„Секако, ова време од годината за многумина ќе донесе тага, некои ќе ги оплакуваат саканите кои ги изгубиле, а други ќе бидат одвоени од своите пријатели и семејството поради почитувањето на епидемиолошките мерки, а сите знаеме дека за Божик најмногу сакаме прегратка или стисок на раката. Доколку спаѓате во овие луѓе, сакам да ви кажам дека не сте сами и моите мисли и молитви се секогаш со вас“, рече кралицата.

На крајот посебно се заблагодарувам на младите, сите работници и останатите добри луѓе кои се борат со предизвиците од пандемијата и одлично им помагаат на другите“, пишува Би-би-си.