(Видео) Бил Гејтс заедно со екипата во декември симулирал пандемија


Американскиот милијардер и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, вели дека инвестира милијарди во изградба на седум фабрики за производство на можна вакцина против КОВИД-19.

Во изјавата за американското шоу „Дејли шоу“, Гејтс вели дека неговата фондација може да реагира побрзо од самите држави во борбата против корона вирусот.

Според него, избрани се седум најдобри кандидати за вакцина, од кои што на крајот ќе се произведуваат најмногу две

Иако неколку милијарди долари ќе бидат потрошени залудно, „ние сепак ќе инвестираме во сите седум фабрики за сите седум кандидати за да не изгубиме  време“, вели Гејтс и потребни се околу 18 месеци за вакцината да се развие и произведува.

Во меѓувреме, „до моментот кога целиот свет, околу седум милијарди луѓе ќе бидат вакцинирани“, штетата треба да се минимизира, истакнува американскиот магнат.

Во изјавата за новинарот Крис Андерсон кон крајот на март, Гејтс вели дека „на крајот ќе треба да има сертификати за тоа кој закрепнал и кој се вакцинирал … да патува во други земји“.

Според реномираниот американски  магазин „Форбс“, кон средината на октомври минатата година, одржана е  вежба наречена (Event 021) на која се разговара за подготвеноста на светот на пандемијата.

Симулацијата е спроведена во соработка со Здравствениот центар на Универзитетот Џон Хопкинс, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и Светскиот економски форум.

Симулирана е пандемија на нова вирусна болест наречена CAPС или коронавирус со акутен пулмонален синдром, моделирана на претходните епидемии, како што се САРС и Мерс.

Предложените одговори на оваа симулирана пандемија вклучуваат агресивно ширење на доверливи информации, како преку социјалните мрежи, така и преку деловните активности преку едукација на своите вработени. Вежбата предвидувала  и подготвени извештаи за медиуми, експерти кои „проповедаат“ за пандемијата, како и „светкави“ графикони кои покажуваат ширење на пандемијата, пишува во  Форбс во написот од 12 декември.

Избраните видеа од овој настан се достапни на:

http://www.centerforhealthsecurity.org/event201/videos.html

Според factcheck.org https://www.factcheck.org/2020/01/new-coronavirus-wasnt-predicted-in-simulation/ Настанот 021 се занимавал со измислен вирус – а не карактеристиките на овој кој во моментов се шири на планетава. „Фантастичното“ сценарио разгледувало болест која потекнува од свинска фарма во Бразил и се шири низ целиот свет, со што на крајот доведува до 65 милиони смртни случаи низ целиот свет.

Во средината на март годинава, Гејтс ги напушти сите свои должности во Мајкрософт за да посвети повеќе време на здравјето во светот, образованието и климатските промени.