Руски воени авиони предизвикаа паника на јужнокорејски остров
Неколку руски летала навлегле во воздушниот простор на Јужна Кореја поради што беа дигнати јужнокорејските борбени авиони.
– Јужнокорејската армија ги следела руските летала додека се приближувале кон источниот брег и извеле „тактички маневри“ за да спречат каков било инцидент, соопшти Генералштабот на јужнокорејската армија.
Претходно, јужнокорејската армија издала наредба за евакуација на островот Улеунгдо, тврдејќи дека руско воено летало навлегло во воздушниот простор на земјата. Наредбата била повлечена три минути подоцна.
Локалните власти по грешка издале краткотрајно предупредување за сомнително севернокорејско летало во близина на островот Улеунгдо.