(Видео) Американски војници граѓани со компири во Сирија
Жителите на Камишли, ги опсипаа со компири американските војници, додека поминуваа низ тој сириски град каде живеат мнозинство Курди.
Како што пренесува АП, војници на САД поминувале оттука при повлекувањето од Сирија.
На видео-снимката која денеска ја објави курдската новинска агенција, се гледа конвој од оклопни возила како поминуваат низ Камишли додека разбеснети жители фрлаат компири по нив, извикувајќи: „Не Америка“ и „Америка е лажга“.
Ројтерс претходно, повикувајќи се на очевидци, јави дека американските трупи влегле од Сирија во Ирак, преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук.
Во неделата беше речено дека околу 1.000 војници на САД ќе бидат префрлени на западот од ирак за да продолжат со борбата против Исламската држава и да пшомогнат во одбрана на Ирак.
#Kurdish residents in the city of Qamishli block the path of the American forces withdrawing from northern #Syria and throw tomatoes at them following President Trump's order for the #US soldiers to retreat from the region – ANHA pic.twitter.com/PB513uC8ft
— Rudaw English (@RudawEnglish) October 21, 2019