Вице Заев ќе го тужи ВМРО-ДПМНЕ за клеветење


Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ, ги повика ВМРТО-ДПМНЕ ако имаат докази за тоа што фо тврдат да ги однесат во обвинителството, а ако не, како што е сигурен, ќе одговараат за  лагите и нападите, практично најавувајќи дека ќе им покрене тужба.

-Јас сум подготвен да одговарам. Но, ако немаат ништо од тоа, како и што сум сигурен дека немаат, тогаш еднаш засекогаш треба да се стави крај на импровизациите во политиката, етикетите, подлите лаги и напади и омрзата која ја внесуваат со години наназад. Партиската говорница не смее и не може да биде заштита за секојдневните лаги и шпекулации, затоа секој ќе мора да го докаже тоа што го тврди на суд.

Јас, Вице Заев, се вели во реакцијата, не сум јавна личност, сум избрал да водам приватен живот, далеку од очите на јавноста и од политиката во која упорно сакаат да ме инволвираат. Ниту одлучувам, ниту можам да одлучувам за нешто. И сега и во иднина, за секоја ваква лага ќе мора секој да се појави пред суд, да го докаже тоа што го тврди во јавноста или да ја надомести големата штета што ми се нанесува, стои во реакцијата на Вице Заев. Според него не можат лаги и клевети да се затскриваат зад формата „дали“. 

ВМРО-ДПМНЕ денес го обвини Вице Заев дека стои зад палењето на автомобилите во Ново Лисиче.

-Дали Вице Заев се активира и во Скопје?! Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?! Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сеуште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални пресметки кои им се случуваат пред нос, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ без никаква информација кој и што стои зад овој настан.