Во Аеродром 497 граѓани добија субвенции за тротинети и велосипеди


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ги потпиша решенијата за доделување паричен надоместок за секој купен велосипед или електричен тротинет.

Од објавувањето на повикот, па се до исцрпувањето на предвидените средства, апликации за добивање на овие субвенции поднесоа 549 граѓани, од кои вкупно 497 ги имале поднесени сите потребни документи и ќе добијат надоместок.

Ова е прва година во која Општина Аеродром покрај за велосипеди, дава субвенции и за електрични тротинети. Со овие мерки и со наши инвестиции во подобрувањето на инфраструктурата за користење алтернативни средства за превоз, заеднички со граѓаните придонесуваме во зачувувањето на животната средина.