Весна Пусиќ: Вучиќ ќе влезе во учебниците по историја
„Ако го одржи зборот околу договорот од Брисел, на крајот Александар Вучиќ ќе влезе во учебниците по историја како лидер кој ја ослободил Србија од товарот на минатото и ја вовел во Европската унија. Па вие кажете после дека политиката не е чудо“ – искоментира на Твитер поранешната хрватска шефица на дипломатијата Весна Пусиќ.
Анексот на амбициозниот мировен план за односите на Србија со Косово предвидува конкретни временски рамки и начин на примена на десет точки во рок од неколку месеци, а одредени се и механизми преку кои ЕУ ќе го следи спроведувањето. Ова е втор договор на Белград и Приштина откако во 2011 година беше отворен дијалогот со посредство од ЕУ. Првиот беше Бриселската спогодба од 2013 година. За 18 март европските лидери закажаа нов состанок во Македонија, на кој ќе се разговара за примената на спогодбата усогласена меѓу Вучиќ и косовскиот лидер Албин Курти, но симболиката што се креира околу изборот на локацијата (Кумановскиот договор по падот на Слободан Милошевиќ) навестува дека може да се случи повеќе од тоа.
Интензивната дипломатска активност е потврда на намерите на Европејците и на Американците конфликтот да го избришат од картата на безбедносно ризични точки на Западен Балкан во време кога САД и ЕУ се соочени со војната во Украина.