Весна Бејби Петрушевска ги загрижи пријателите со последната објава


„Почеток“ ја наслови својата последна објава на социјалните мрежи актерката Весна Петрушевска.

Таа сподели емотивно обраќање кое ги збуни, а во исто време и ги загрижи нејзините следбеници.

„Ракот е патување во кое патуваш сам. Има многу места каде можеш да застанеш и да го земеш лекот, само треба да сакаш. Некогаш можеш затоа што можеш, некогаш затоа што мораш. Во оваа приказна си сам, како и што се раѓаме и умираме сами. Во оваа борба ти станува јасно дека времето е твојот најголем непријател“, напиша таа.

Во видеото на кое се испишани овие зборови, во долниот десен агол актерката стави и своја фотографија.

„Ти си нашата силна кралица, те сакаме маме“, ѝ коментираат под постот.

„Душа убава. Бог е со тебе секогаш“, е еден од поемотивните коментари.