Весела Чернева: Ескалација со Македонија има секогаш кога доаѓаат избори


Весела Чернева учествуваше во конципирањето на надворешната политика на владата на Петков

Помеѓу Бугарија и Северна Македонија постои механизам за намалување на тензиите и за идентификување на манифестации на омраза. Овој механизам е јасно наведен во протоколот меѓу двете министерства за надворешни работи од минатата година, но не се спроведува. Ваков став  искажа Весела Чернева од Европскиот совет за надворешна политика и  советничка на поранешниот премиер Кирил Петков за надворешна политика пред БНР.

„Не можеме да кажеме дека нема доволно алатки. Но, во последните месеци гледаме дека навистина има зголемување на тензијата“, вели  Чернева. Таа додаде дека кога има таков пораст на тензијата, тоа дополнително им го отежнува животот на Бугарите во РСМ.

„Видовме како бугарски европратеник му се заканува на македонскиот премиер со обид за атентат. Ваквите закани не треба да бидат дел од билатералните односи. Одржувањето на добар тон и пристојност ќе им помогне на Бугарите кои живеат во Северна Македонија многу повеќе од овој прилично неодговорен пристап“, оцени таа.

Повикувањето на бугарскиот амбасадор од Скопје Чернева го оцени како „неумерен гест“ бидејќи, според нејзините зборови, „вакви гестови се прават во исклучителни ситуации“.

„Оваа ситуација почнува да ми изгледа како намерна. Траекторијата на билатералните односи, која оди надолу, е многу лесна. Напорна работа е да биде спротивна – да се создаде средина во која такви работи нема да се случуваат“, коментира Весела Чернева.

Според неа, по толку години непријателство работите не можат да се остават сами на себе, посочувајќи дека  во овој момент нема претставки од Бугарите од Северна Македонија до Европскиот суд за човекови права.

„Овој тип на ескалација секогаш се појавува кога мириса на избори“, нагласи Чернева. Според неа, од двете страни на границата има партии кои ја користат тензијата за да го подигнат својот рејтинг и се се надеваат дека ќе се хранат изборно.

„Нормалните луѓе се наоѓаат во средината, притиснати од екстремите од двете страни и се жртви на тој притисок“, оцени Чернева. Овие процеси, смета таа, ја одалечуваат Бугарија од  срцето на евроинтеграциите и ја ставаат во многу маргинална положба, која може да биде збришана кога се занимава со билатерални кавги.

„Квалитетот на нашето европско членство се повеќе слабее“, заклучи таа.