Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието


Претседателот на НДП, Весел Мемеди револтиран вели дека не може да се пазарува со премиерот Зоран Заев за размена на Министерството за локална самуправа, бидејќи оваа министерство му припаѓа на Албанците. Според него СДСМ треба да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог.

Мемети рече дека функциите не се важни за нив и дека денеска ќе достават оставка за сите директорски места и оставка од функцијата потпретседател на Собранието.