Верстапен може да се соочи со казна за фрлање крпа на патеката


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се соочува со казна за фрлање крпа на патеката за време на вчерашниот тренинг за Големата награда на Унгарија.

Возачот и претставник на тимот беа повикани кај стјуардите по вториот тренинг. Верстапен ја фрли крпата од кокпитот за време на трката.

Холанѓанецот го оствари 15-тиот резултат на вториот тренинг. 

Трката за Големата награда на Унгарија од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток воп 15 часот.